6346Швајцарската централна банка (ШЦБ) е подготвена да интервенира на девизните пазари со цел дополнително да ја олабави монетарната политика, а за стабилизирање на пазарот ќе биде потребно извесно време, изјави Jean-Pierre Danthine, заменик претседател на банката.

ШЦБ на 15 јануари ги шокираше финансиските пазари со одкажување на фиксниот курс на франкот од 1,20 франци за евро, што предизвика нагло зајакнување на “швајцарецот”. ШЦБ во одбрана на девизниот курс само во јануари потрошила 100 милијарди швајцарски франци.

“Повлекувањето од фиксниот курс секако значи дека се затегнува монетарната политика. Ние го прифаќаме тоа, но само до одредена точка. Во суштина ние сме подготвени за интервенција на девизните пазари “, изјави Jean-Pierre Danthine.

Danthine рече дека треба уште некое време да се стабилизираа девизните пазари и истакна дека централната банка будно го следи курсот на франкот во однос на еврото, како и во однос на доларот.

Во однос на тоа која би била новата валутна стратегија на ШЦБ, Danthine изјави дека данската политика за девизниот курс на круната со еврото не е погодна за Швајцарија, но дека Сингапурскиот систем, кој му овозможува на Сингапурски долар да се крева и паѓа во однос на валутите на своите главни трговски партнери во рамките на недефинирани граници, заслужува внимателна анализа.

Danthine ја брани одлуката на ШЦБ за поништување на постапката за одбрана на девизниот курс на франкот, истакнувајќи дека ризиците од таквата политика врз економијата почнаа да ги надминуваат придобивките.

“Теоретски, билансот на ШЦБ може да расти неодредено време. Сепак, во оваа ситуација, ШЦБ беше во можност во екстремни случаи да бидат принудени да се инјектираат на пазарот повеќе франци отколку што би било финансиски одговорно “, рече Danthine, посочувајќи дека постоел и ризик од губење на девизните резерви.

Додека огромните загуби можеше да ги загрозат годишните исплати на најголемите акционерите на ШЦБ во кои спаѓаат 26 кантони и федералната влада, заклучи Dantine.