Силк Роуд Банка АД Скопје ги изестува сите свои клиенти, постојани и нови, дека ја зголемува својата понуда на кредити за правни лица со воведување на нов производ „Зелен кредит”.

Имено, намената на кредитот е за финансирање на проекти за користење на обновливи извори на енергија, подобрување на енергетската ефикасност и заштеда на електрична енергија и слично.

 

 

 

 

Максималниот износ на кредитот е до 500.000,00 евра, односно 30.000.000,00 денари, додека за клиенти вклучени во InnovFin гарантната шема и до 1.000.000,00 евра (60.000.000,00 денари). Рокот на отплата е до 10 години, со можност за грејс период од 12 месеци.

Искористете го промотивниот период до 31.08.2018 година и аплицирајте за зелениот кредит за правни лица без трошоци за аплицирање и администрирање на кредитот.

За сите дополнителни информации во врска со овој кредит посетете ги експозитурите на Силк Роуд Банка АД Скопје.