Силк Роуд Банка АД Скопје ги известува сите корисници на кредитните картички на Аmerican Express дека почнувајќи од 15.03.2018 година до 15.06.2018 година започнува заедничката кампања помеѓу Силк Роуд Банка, Веро маркетите и Јаболчело природните сокови.

 

Имено, со секоја трансакција извршена со кредитните картички American Express Green и American Express Gold во износ од и поголем од 1500,00 денари во сите Веро маркети во државата, следува подарок – природен сок Јаболчело во пакување од 2 литра, со вкус на јаболко, односно јаболко и праска.

 

Покрај добивањето на бесплатен сок Јаболчело, со секоја направена трансакција во Веро маркетите со картичките на American Express добивате поврат на средства „Твој бонус” во износ од 2.5% од трансакцијата.