Електричните возила имаат пазарен удел од само 4% во Бугарија, каде приходите се околу 7.000 евра. Прифаќањето на електричните возила на пазарот во Европа е поврзано со годишниот нето приход, покажуваат податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA).

Електричните автомобили сочинуваа 21,6% од новите автомобили регистрирани во земјите на ЕУ во 2022 година, но имаат само 9% или помалку пазарен удел во повеќе од половина од земјите-членки.

Во земјите каде што имаат пазарен удел помал од 9%, како што се неколку земји во Централна, Источна и Јужна Европа, на пример Грција, Италија, Полска и Хрватска, просечниот годишен нето приход е околу 13.000 евра по вработен.

Најголемо учество (над 30%) е концентрирано само во пет земји од Северна и Западна Европа, каде нето годишниот приход надминува 32.000 евра. Во Шведска, каде годишниот нето приход е повеќе од 35.000 евра, повеќе од половина од новорегистрираните автомобили се електрични возила.

За разлика од нив, електричните возила имаат пазарен удел од само 4% во Бугарија, каде приходите се околу 7.000 евра. Накратко, каде што има пари, постои и тенденција за „експериментирање“ со нови (скапи) модели на мобилност. Таму каде што нема пари – уделот е скромен.

Пет земји со најмал удел на електрични возила во продажба + просечен годишен нето приход:

Словачка: 3,7% – 10.985 евра

Чешка: 3,9% – 13.836 евра

Бугарија: 4,0% – 7.272 евра

Полска: 5,0% – 10.782 евра

Хрватска: 5,0% – 10.391 евра

Пет земји со најголем удел на електрични возила во продажба + просечен годишен нето приход:

Шведска: 56,1% – 35.486 евра

Данска: 38,6% – 39.274 евра

Финска: 37,6% – 33.155 евра

Холандија: 34,5% – 40.312 евра

Германија: 31,4% – 32.850 евра