БРИСЕЛ (Ројтерс) – Европската унија не успева да ја спречи злоупотребата на фондовите на ЕУ вредни стотици милиони евра секоја година, и успева да надомести само околу 15 отсто од оваа сума, објавија ревизорите во четвртокот.

Измамите во користењето на средствата на ЕУ изнесуваше 391 милиони евра (451 милиони долари) во 2017 година, прилично типично за последните четири години.

Но, судските наоди на истражната канцеларија на ЕУ за спречување на измами, ОЛАФ, доведоа до фактички обвиненија во земјите-членки на ЕУ во 45 отсто од случаите, рекоа ревизорите на Судот на ЕУ во извештајот.

Помеѓу 2012 и 2016 година, само околу 15 проценти од вкупниот обем на откриена измама всушност се надомести.

Иако откриените измами се мали во споредба со годишниот буџет на ЕУ од околу 140 милијарди евра, ревизорите велат дека измамите веројатно се недоволно пријавувани, бидејќи механизмот за споделување информации со земјите на ЕУ е прилично неефикасен.

Средствата од ЕУ главно одат на фармери и проекти во посиромашните региони во блокот од 28 земји.

Во некои случаи, ОЛАФ утврди дека средствата на ЕУ се злоупотребуваат од страна на националните политичари или нивните семејства или соработници – проблем кога националните власти се одговорни за гонење за измама.

Ревизорите ја повикаа Комисијата да му даде повеќе овластувања на ОЛАФ.

Комисијата рече дека е посветена на борба против измамите поефикасно и го признава “долгогодишниот предизвик” за следење на наодите на ОЛАФ на национално ниво.

Ревизорите ја поздравија одлуката за формирање канцеларија на Европското обвинителство за спроведување на истраги за трошењето на ЕУ фондовите од 2021 година, но изјавија дека недостатокот на персонал и финансирање значи дека можеби ќе треба да се потпрат повеќе на националните власти.

Новото тело во секој случај нема да има јурисдикција над Унгарија, Полска, Ирска, Шведска, Велика Британија или Данска, кои се откажаа од овој проект.