По неколку турбулентни денови на пазарот на криптовалути и повремени сигнали за закрепнување, утрово пазарот на криптовалути се врати во надолна линија.

Според веб-страницата „Коиндеск“, во моментов се тргува со биткоин по цена од 31.732 долари, што е пад од околу 7,93 проценти во последните 24 часа. Вредноста на пазарот на биткоин повторно падна под 600 милијарди и во моментов изнесува 595,29 милијарди.

Етереум, втората најпозната криптовалута во светот, како и остатокот од пазарот, утрово падна за 8,36 проценти и во моментов се тргува со 1.808 долари.

Рипл падна за 7,83 проценти, Кардано за 7,40 проценти, Доџкоин за 10,47 проценти, Стелар за 7,97 проценти итн.

Според експертите, денешниот пад е само продолжение на „лизгањето“ на пазарот како резултат на регулаторниот притисок врз рударите во Кина од една страна, а од друга страна е последица на прекумерното купување кое ја „надмина“ цената во март годинава.