Ковид-пандемијата предизвика глобален недостиг на компјутерски чипови, кои пак го забавија, а некаде и го запреа производството во голем број на индустриски гранки, како автомобилската и ИТ индустријата.

Според пишувањата на „Си-Ен-Ен“, овој проблем, заедно со недостатокот на возачи на камиони и синџирите на снабдување ги зголемува цените за потрошувачите и го забавува глобалното економско закрепнување.

„Додека глобалното економско закрепнување продолжува да собира сила, она што станува сè поочигледно е како ќе се спречат прекините во синџирот на снабдување, кои сега се појавуваат на секој агол“, наведува „Си-Ен-Ен“ во текстот.

Граничните контроли и ограничувањата за движење, недостапноста до „вакцинален сертификат“, потребата да се биде во сопствената држава, ќе бидат реални пречки за навремени испораки на производите, при што трошоците и цените ќе се зголемат, кои од друга страна ќе влијаат на забавениот економски раст.