Хафелд се најде под притисок поради тоа што не ја забележал измамата на Wirecard пред банкротот на компанијата за платежни услуги

„Скандалот со Wirecard покажа дека германскиот финансиски надзор треба да се реорганизира“, се вели во соопштението на Министерството за финансии, пренесува Ројтерс.

Министерството додаде дека одлуката за замена на Хафелд била консензуална и претходела на анализата на Министерството за преструктуирање на агенцијата, која ќе биде презентирана следната недела.

Ова е признание за проблемите во германскиот надзор на компанијата Wirecard, која го започна својот бизнис со обработка на плаќања со картички за коцкање и порнографија пред да стане ѕвезда на „финтек“ индустријата и на крајот – најголемата германска финансиска афера.

Барањата за оставка на Хафелд избија во четвртокот откако BaFin пријави еден од своите вработени кај државните обвинители под сомнение за внатрешно тргување поврзано со Wirecard, непосредно пред банкротот на компанијата.

Хафелд во изјавата на министерството рече дека важноста и релевантноста на БаФин се зголемиле за време на неговите шест години претседателствување на агенцијата.

„Агенцијата сега има и други задачи што треба да ги реши“, додаде тој, посакувајќи му се најдобро на неговиот наследник.

Не е објавено кој ќе го замени Хафелд на функцијата.