1(1)Најскапата готовина е доколку подигнувате со кредитна картичка на банкомат или банкарски шалтер, а особено доколку користите банкомат или шалтер на друга банка.

Во зависност од банката, бидете подготвени да издвоите минимален износ од 1,5% од износот на направената трансакција па се до 2% + 3 ЕУР, овие провизии се однесуваат при подигнување на готовина од банкомати на вашата банка. Додека при подигнување на готовина од банкомати од други банки провизијата се движи и до минимум 300 денари од трансакција.

Master card standard на Стопанска банка  има најмала провизија при подигнување на готовина од сопствен банкомат или шалтер  и изнесува 1,5% од износот на трансакцијата, а додека при подигнување на готовина од банкомати и шалтери од други банки се наплатува провизија од 100 денари фиксен износ плус 3% од износот на трансакцијата.

Visa classic на Прокредит банка има најголема провизија при подигнување на готовина од сопствени банкомати и банкомати на другите банки и изнесува фиксен износ од 3 евра плус 2% од износот на извршената трансакција. Додека кај Visa classic на Стопанска банка Битола се наплатува највисока провизија при подигнување на готовина од банкомати на други банки од 3% минимум 300 денари.

Во секој случај подигнувањето на готовина со кредитни картички треба да го избегнувате затоа што ве чини многу повеќе од реалната готовина што ја подигнувате. Единствено при подигнување на готовина со дебитна картичка на банкоматите на вашата банка не се наплатува провизија.