Со годишна стапка на раст за скоро 13%, вкупната депозитна база се доближи до 10 милијарди евра – истриски највисоко ниво на штедни влогови. Споредбената анализа на Бизнис Инфо ” покажува дека депозитите во однос на кредитите се повисоки за 1 500 000 000 евра. Интересно е дека во јуни, месечниот раст на депозитите на граѓаните изнесува 0 ( односно нема пораст).
Најновите мерења на Народната банка покажаа дека на годишно ниво, пораст има и на депозитите на домаќинствата и на оние на коропоративниот сектор, со што вкупните депозити на крајот на јуни испорачаа пораст за 12,9%. Споредбата на податоците во однос на претходниот период покажува дека годишната стапка на раст во јуни е највисока на квартално ниво од почетокот на 2024 -та година.
Вкупни депозити
Износ Годишен раст
Домаќинства 6 695 000 000 евра + 13,0%
Корпоративен сектор 2 867 300 000 евра +14,6%
Извор:НБМ
Конкретно, на крајот на јуни штедните влогови на граѓаните достигнаа ниво од 6,69 милијарди евра со годишен пораст за 13%, но, интересно е дека на месечено ниво, во јуни во споредба со мај регистрирана е стагнација, односно 0 пораст на депозитите на граѓаните. Увидот во податоците на НБМ покажува дека ваква состојба со 0 пораст ( или без раст) е регистрирана во истиот период лани – во јуни, на пресекот на првото ланско економско полугодие.
“Вкупните депозити на домаќинствата, овој месец се речиси непроменети на месечна основа. Во споредба со истиот месец минатата година, депозитите на домаќинствата се зголемени за 13,0% како резултат на растот на депозитните пари, долгорочните депозити во денари и во странска валута и краткорочните депозити во денари” – наведуваат од Народната банка.
Депозитите на корпоративниот сектор пак надминаа 2,86 милијарди евра. Според податоците од НБМ, кај компаниите е забележено засилено штедење во домашна валута но, во форма на краткорочни денарски депозити, додека кај долгорочните депозити во денари и во странска валута покажале тренд на пад на крајот од првата половина од годинава.
Анализата што ја направи ‘Бизнис Инфо” покажува дека најголем дел од вкупните депозити или 5,68 милијарди евра се во денари, а останатите 3,87 милијарди евра се во странска валута, со доминација на еврото. На крајот од првото економско полугодие вкупните депозити достигнаа ниво од 9,996,650,40686 милијарди евра со годишен раст за 14,6% и месечен раст за 3,1%.