Неодамна, на веб-страницата на Кикстартер се појави крајно необичен проект, наменет да собере средства за нови проекти и идеи. Имено, тоа е „Птичји другар“, односно паметна куќа за птици, за која досега се собрани повеќе од 2 милиони долари.

Оваа куќа и хранилник, проект на компанија од Словенија, е дизајниран да го идентификува видот на птицата користејќи фотографија или звук и ја поврзува со мобилна апликација која собира и складира список со оние видови што биле во куќата.

Хранилникот за птици е прозирен контејнер кој се полни, содржи до 3,8 чаши семе за птици и тежи околу 2,5 килограми.

Тој е опремен со камера што изгледа како ѕвонче за врата што е способна да прави високо квалитетни фотографии со видливо поле од 120 степени. Камерата е поврзана на Интернет, а кога ќе го препознае посетителот, апликацијата испраќа известување до мобилниот телефон.

На овој начин се собираат податоци за различни видови птици, како и податоци за миграции, што може да помогне во напорите за зачувување на птиците.

Вештачката интелигенција што ја има оваа куќа може да препознае повеќе од 1.000 видови птици, а во светот има околу 18.000 видови.