Според првите податоци на словенечкиот завод за статистика, БДП на земјата минатата година реално падна за 5,5 проценти. Во последните три месеци од годината, падот на годишно ниво беше 4,5 проценти. Домашната потрошувачка значително се намали и имаше помала надворешна побарувачка.

Според првичните податоци, БДП според тековните цени во 2020 година изнесувал 46,3 милијарди евра, што е номинално за 4,3 проценти помалку отколку во 2019 година. Реално, тој се намали за 5,5 проценти, според заводот за статистика.

Домашната потрошувачка минатата година падна за 6,5 проценти, најмногу заради падот на потрошувачката на домаќинствата (за 9,8 проценти). Намалена е и надворешната побарувачка, со пад на извозот за 8,7 проценти, а на увозот со 10,2 проценти.