Халкбанк АД Скопје сака да ги задоволи потребите на своите клиенти и ги прави нештата да бидат едноставни, а услугите лесни за користење.

Со најновата услуга SmartSend ви се овозможува на наједноставен начин да префрлите средства преку својот телефонскиот именик.

SmartSend e наменета за физички лица со активна трансакциска сметка кои се  корисници на електронско и мобилно банкарство.

Овозможената услуга може да се користи преку мобилната апликација на Халкбанк АД Скопје и преку веб верзијата за електронско банкарствo.

  1. 1.Со избирање на полето SmartSend преку електронското банкарство или мобилната апликација ја активирате услугата со потврда на вашата трансакциска сметка и мобилен број.
  2. 2.За да извршите трансакција преку услугата SmartSend потребно е да го внесете износот што сакате да го префрлите и да  изберете контакт од телефонскиот именик и да ја потврдите трансакцијата.

За да се запознаете подобро со SmartSend кликнете овде.

Ѕвони ми на сметка!