„Благодарницата која денеска ни ја врачија од Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА Битола за нас не е само потврда за досегашната поддршка што ,СН Осигурителен Брокер’ традиционално ја обезбедува за лицата со посебни потреби во рамките на стратегијата за општествена одговорност, туку е и обврска и во иднина да продолжиме со поддршката која ќе овозможи поинклузивен и правичен свет за лицата со посебни потреби“, напишаа денеска од „СН Осигурителен Брокер“ на нивната страница на Фејсбук, заблагодарувајќи се за посветеното внимание.

„Задоволство ни беше по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, да ги наградиме младите креативци од Центарот Порака и заедно со нив на плоштадот Магнолија во Битола да го проследиме музичко литературниот перформанс „Свет за сите“ кој што уште еднаш ја пренесе пораката за еднаквост, недискриминација, соживот и солидарност. СН Осигурителен Брокер – општествено одговорна компанија!

Убаво е кога некој е секогаш на Ваша страна“, порачаа од компанијата.