Заменик-претседателот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, денес  имаше состанок со aмбасадорот на Република Франција,  Сирил Баумгартнер и претставници од Француската rазвојна aгенција и Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) GmbH.

По одобрувањето на Програма за eнергетска ефикасност во јавни згради од Зелениот климатски фонд (Green Climate Fund) во октомври 2022 година, Француската rазвојна aгенција и Германското друштво за меѓународна соработка започнuваат со имплементацијата преку првична идентификација и подготовка на проекти. Во актуелната фаза, предвидени се 5 милиони евра како грант средства за техничка поддршка и пристап до 1,3 милијарди евра поволни кредити од проектот во кој имаат пристап и други 10 земји кои се вклучени во проектот.

Предвидени се и дискусии со други меѓународни финансиски институции, како Светска банка, со чија помош се формира Националниот фонд за енергетска ефикасност, а активност, која исто така е помогната и од Зелениот климатски фонд.

Адаптацијата и отпорноста на инфраструктурата кон климатските влијанија се еден од најголемите предизвици во справувањето со климатските промени. Зградите се одговорни за речиси 40% од емисиите на стакленички гасови поврзани со енергијата и се очекува употребата на енергија за ладење на просторот да се удвои до 2040 година. Земјите итно треба да ги намалат емисиите што ја менуваат климата и да се прилагодат на зголемените температури и другите климатски влијанија. Владата ќе продолжи со напорите за постигнување на целите за енергетска ефикасност, овозможување на мерки и активности за заштеда на електрична енергија, а со тоа и справување со влијанијата од глобалната енергетска криза.