Тој истакна дека со ребалансот на Буџетот ќе има значително скратување на расходите во однос на непродуктивните трошоци и другите расходи на буџетските корисници
Преку скратувањето на расходите со ребалансот на буџетот, Влада отвора можност за нов пакет на мерки за граѓани, изјави министерот за економија Крешник Бектеши, во емисијата „10 минути” ТВ 21.

Тој истакна дека со ребалансот на Буџетот ќе има значително скратување на расходите во однос на непродуктивните трошоци и другите расходи на буџетските корисници.

На ваков начин, според Бектеши, се разгледува можноста доколку има потреба од нови мерки со единствена цел да им се помогнат граѓаните.

Во однос на прашањето со состојбата со маслото за јадење министерот Бектеши, посочи дека Северна Македонија ги има потребните количества за задоволување на внатрешните потреби.

„Во јавноста е креирано мислење дека ние 100 проценти увезуваме од Србија, што не е точно. Нерафирано масло и сончоглед, Северна Македонија главно увезува од Република Бугарија и моментално се увезува од Украина, затоа што трговците, сигурно во соработка со државните институции, отвориле различни коридори за да се увезува маслото“, рече Бектеши.
На прашање зошто е одлучено да се извезува маслото за јадење во Албанија, Бектеши истакна дека кризата треба да ја менаџираме заеднички како регион.

„Со цел да бидеме посолидарни и да ја зголемиме трговската размена меѓу нашите држави мислевме дека е соодветно да извезуваме рафинирано масло за јадење. Што се однесува до нерафинираното масло и сончогледот, моментно имаме доволни количества за производство. Намалувањето на цената на маслото за готвење зависи од светската берза и увозните цени. Но, ако се отворат сите коридори на увезување од Украина, која е најголемиот производител на сончоглед не само во Европа, туку и пошироко, тогаш верувам дека ќе имаа стабилизирање на цените“,рече Бектеши.