Сега веќе едноставно и брзо можете онлајн да отворите трансакциска сметка и да добиете дебитна картичка од Комерцијална банка. Поднесете го барањето онлајн, преку веб страницата на Банката, а Комерцијална банка ќе ви отвори сметка и ќе ја изработи дебитната картичка што вие ќе ја изберете.

Банката ќе ги подготви сите потебни документи врз основа на онлајн поднесеното Барање и добиените лични податоци, по што може да си ја подигнете картичката и да ги потпишете документите во експозитурата или филијалата на Комерцијална банка што сами ќе ја изберете.

За трансакциска сметка и дебитна картичка од Комерцијална банка може да аплицирате на следниот ЛИНК.

Со оваа новина Комерцијална банка ви овозможува брзо и лесно да станете клиент на Банката, со што понатаму ги имате на располагање разните видови производи и услуги, од кои повторно голем дел ви се на располагање на вашиот мобилен телефон или компјутер преку апликацијата мБанка или Интернет банка. Со Комерцијална банка ги добивате сите потребни алатки за современо менаџирање со вашите средства.