Обезбебедени се нови 284,9 милиони денари или над 4,6 милиони евра за нови 1.216 вработувања, кои ќе бидат реализирани преку оперативниот план на активни програми и мерки за вработување, соопшти СДСМ.

„Со овој чекор значително ќе се зајакне пристапот до активните политики за пазарот на труд, особено за нискоквалификувани невработени лица и лица од ранливи категории. Обезбедени се средства за имплементација на новата пилот-мерка за субвенционирање плати во текстилниот сектор за 300 невработени лица во висина од 73,8 милиони денари, како и над 15 милиони денари за мерката вработување и раст на правни субјекти за 127 нови вработувања.

36,9 милиони денари од вкупно предвидените средства се наменети за Програмата 1, поточно за поддршка за самовработување (претприемаштво) за дополнителни 115 самовработувања; над 135 милиони денари за мерката субвенционирање плати, со што дополнително ќе бидат опфатени 674 невработени лица.

Овие измени и дополнувања во оперативниот план за активни програми и мерки за вработување обезбедуваат вработување нови 1.216 невработени лица.

Во 2021 со оперативниот план се опфатија околу 12.000 невработени лица, во повеќе од 8 вида програми.

До ноември се реализирани 85 % од оперативниот план за 2021 година.

Сето ова е со цел дополнително намалување на стапката на невработеност, која сега изнесува 15,9 отсто со тенденција на намалување.

СДСМ како одговорна партија, преку институциите што ги предводи продолжува активно и посветено да спроведува мерки и политики кои го подобруваат квалитетот на животот на сите граѓани“ се наведува во партиското соопштение.