Се ближи крајот на 2021 година и веќе сè е токенизирано, односно криптовалутите се веќе секојдневие. Но, по големиот раст од неодамна, крипто пазарите и генерално криптовалутите паднаа минатата недела по веста за новата варијанта на коронавирусот Омикрон.

Сепак, една криптовалута профитираше, откако грчката буква влезе во лексиконот на инвеститорите. Се работи за крипто токенот Омикрон, кој го носи името исто како и новиот сој на коронавирусот.

Цената на досега тотално анонимниот дигитален токен, чиј извор на „Twitter” има малку повеќе од 1.000 следбеници, се зголеми речиси десет пати од петокот до понеделник наутро кога достигна 689 долари за време на азиската трговска сесија во понеделник наутро. После тоа во текот на денот скокна за уште 200% односно за само три дена ја зголеми вредноста за неверојатни 945 проценти.

Во четвртокот токенот “OMIC” на „Omicron” вредеше околу 65 долари, а по објавата на Светската здравствена организација, која во петокот ја именуваше новата варијанта на СОВИД-19 Омикрон, токенот порасна “до небо”.

Овој проект започна со работа на почетокот на ноември, како еден од елементите на протоколот OlympusDAO DeFi, но освен името нема друга врска со вирусот.

Интересот за оваа криптовалута генерира обрт од нешто повеќе од 300.000 долари за кратко време, но бидејќи ова е навистина маргинален проект, малку е веројатно дека многумина се збогатиле со него.

Критичарот на криптовалутите од Твитер, „Мистер Вале“, коментира дека огромниот скок на цената на омикронот е знак дека пазарот е во „џиновски балон“. Во превод – се вложува без прекумерна поврзаност со вистинските фундаменти, а тоа обично завршува лошо.

Водечките светски криптовалути немаат ни доволно податоци за оваа криптовалута за да ја пресметаат нејзината пазарна капитализација.