Според последната владина одлука секој што ќе употреби најмалку 4 вреќи односно 200 килограми минерално ѓубриво на хектар ќе добие по 2500 денари дополнителна субвенција.

Вчерашната одлука на владата да воведе субвенција за оние земјоделци кои ќе купат вештачки ѓубрива за посевите дел од земјоделците ја оценија како задоцнета додека други сметаат дека со ова ќе се намали ценовниот шок од превисоките давачки на земјоделците.

Според последната владина одлука секој што ќе употреби најмалку 4 вреќи односно 200 килограми минерално ѓубриво на хектар ќе добие по 2500 денари дополнителна субвенција за што се предвидени 2 милиони евра или половина од парите од интервентниот фонд. Според пресметкте на министерството ова значи дека на на употребени 4 вреќи ѓубре едната ја плаќа државата но според земјоделците проблем е што ваквата мерка требаше да се донесе порано за да знаеа трговците да увезат ѓубриво кое веќе многу тешко се наоѓа дури и по повисока цена.

Според науката голем дел од посевите под лебно жито и јачмен се гладни заради не употребата на ѓубривата чии цени се неколку кратно зголемени што ќе се одрази во приносите и снабденоста на овие стратешки производи.

На вчерашната седница покрај субвенцијата за ѓубривата се донесе и одлука за субвенција од 400 денари за јагне кое ќе заврши во кланичен капацитет како и по 1500 денари за свињарските фарми чии гоеници ќе завршат во регистрирани клачнични капацитети.