Корисниците на Visa Business Debit картичките од Комерцијална банка ќе можат да вршат уплата на дневен промет на банкомат без надомест до 31.03.2022 година. Банката до 31.03.2022 година го продолжува и промотивниот период во кој од надомест во текот на целиот ден се ослободени сите готовински уплати по основ на дневен пазар (шифра 800, 801, 802 и 803) реализирани од правни лица во експозитурата East Gate Mall.

Со дигиталните услуги на Комерцијална банка уплатата на дневен промет може да се изврши брзо, едноставно и безбедно. Оваа финансиска услуга е достапна на 42 банкомати на Банката во Скопје, Битола, Велес, Гостивар, Кавадарци, Кочани, Куманово, Охрид, Прилеп, Струмица, Тетово, Дебар, Делчево, Гевгелија, Кичево, Виница, Ресен и Штип. При уплата на готовина, банкоматот ги прифаќа сите книжни и полимерни банкноти во апоени од 10, 50, 100, 200, 500, 1.000 и 2.000 денари.

Повеќе информации за локацијата на банкоматите на Комерцијална банка може да добиете на следниот линк.