Акциите на социјалните мрежи на Вол Стрит паѓаат !

Индустријата е во епицентарот на „лудилото“ на GameStop-Redit и иако трговците секој ден одат на платформите на социјалните мрежи да ги презентираат своите ставови за берзата, акциите на Twitter и Facebook не успеаја да го издржат притисокот во петокот.

Твитер падна за 2,0 проценти за време на трговската сесија, иако заврши минатата недела со добивка од 5,0 проценти, а Фејсбук загуби 2,5 проценти од својата вредност, додека неделно потона за 6,0 проценти, пренесува Si- NBC.

Акциите на Фејсбук во петокот се затворија на 258,33 американски долари, а аналитичарите веруваат дека тој ќе потоне уште подлабоко, можеби на ниво од 223 американски долари, што би претставувало загуба од приближно 14 проценти.

Пазарните набудувачи го припишуваат овој развој на настаните предизвикани од немирите предизвикани од група аматери од социјалната платформа „Редит“ на берзата.