avtomobilКупување на нов автомобил е почеток на долга и сериозна одговорност. Иако имате доволно пари и финансиски план, пред купување треба добро да размислите.

Не дозволувајте да ве води љубовта кога купувате нов автомобил, бидејќи се впуштате во еден вид врска што ќе трае повеќе години, дали до истекот на кредитот, лизингот или до моментот кога ќе успеете да соберете доволно готовина за обнова на вашиот возен парк. Во суштина тоа е однос кој ќе трае шест, седум, или повеќе години.

Прво и основно, утврдите колку пари реално можете да одвоите. Имајте во предвид дека мора да оставите и за други трошоци кои се предизвикани со купувањето на нов автомобил, регистрација, првиот сервис и слично. Често овие мали нешта ја зголемуваат цената за неколку стотина евра.

Бидете доследни за износот што го плаќате за нов автомобил не отстапувајте по никоја цена, без разлика дали се работи за кредит или во кеш. Ако тоа се 10.000 евра не размислувајте за модел кој чини 13 900 евра. Со оној вид на размислување на крајот ќе купите автомобил од 16.000 евра и ќе завршите со долгови и финансиски проблеми.

Следете ги акциите, но акциските цени споредете ги и со редовните и проверете дали навистина се толку многу поповолни како што ви изгледаат на прв поглед.

Размислете која опрема реално ви е потребна. Автоматскиот клима уред нема некоја голема предност во однос на конвенционалните клима уреди, електричната парк кочница е побавна и помалку сигурна отколку класичната, но затоа автомобилот со овие ситници има повисока цена.

Да сте заљубени со само еден бренд не е рационално, ако автомобил на друг бренд ви одговара повеќе и има пониска цена, не двоумете се.

Исто така, не робувајте на изгледот. Купувањето на автомобил, само затоа што изгледа добро или има убава боја е најголемата глупост која можете да ја направите.

Автомобил се купува само кога сите работи се на своето место, кога ги исполнува вашите потреби и желби речиси совршено.