Купување на стан е голем потфат, бидејќи тоа претставува долгорочна инвестиција, но истовремено е возбудлив проект затоа што обавуваме една од најубавите работи во животот – избор на сопствен дом.
Да се биде “свој на своето” создава чувство на безбедност кое е од суштинско значење за секое семејство и поединец. Со оглед на тоа што ретко кој има пари со кои би пазарел, подигнувањето на поволен станбен кредит е најрационално решение.
Сепак постојат неколку основни совети при изборот на имотот и на изборот на банката од која се подигнува стамбениот кредит:
1) Изберете локација која ќе ви се допадне
Прво што треба да се избере е областа каде што сакате да живеете. Проверете дали опкружувањето е тивко или бучно, дали има доволно места за паркирање и дали е добро поврзно со јавен превоз до други локации кои често ги посетувате. Ако имате деца или планирате во иднина, близината на градинките и училиштата секако ја прави разликата во изборот на локацијата. Исто така, понекогаш ќе ви затреба во текот на ноќта да одите до продавница или пекара …
2) Без добра зградата нема добар стан
Општата состојба на објектот е понекогаш толку важна како и уреденоста на станот. Пред се, потребно е да бидете сигурни дека квалитетот на инсталацијата е таков што нема да ви направи проблем за пет или десет години. Не сакате да имате проблеми со електричната енергија, водата, канализација или греењето кои произлегуваат од староста или несоодветна изградба. Исто така, добрата звучна инсталација на становите ќе ви гарантира мир и добри односи со соседите. И верувајте ќе има денови кога ќе си заблагодарувате за изборот на зграда со лифт!
3) Квадратурата (сепак) не е важна
Секогаш имајте на ум дека структурата на станот често е поважна од самата квадратура. Со добар и функционален распоред, прозорци и врати, секое семејство може да си направи дом во кој ќе се чувствува удобно.
4) Направете реална проценка на месечниот буџет
Доколку се она што е до сега спомнато е во ред, треба да поминете преку финансиските аспекти на купувањето стан. Првиот чекор е да се утврди колку пари на месечна основа можете да издвоите за плаќање на кредитот, а со тоа да не страдаат другите животни потреби.
5) Вид на кредитот
Горчлив проблем кој секогаш е предмет на дебата со која камата сакате да го отплатувате кредитот – со променлива или фиксна каматна стапка. И двете имаат свои предности и недостатоци. Променливата може да изгледа поволно во текот на подигнувањето на кредитот, но движењата на пазарот во наредниот периодот може да го зголемат износот на ратата. Од друга страна, фиксна каматна се чини безбедна, бидејќи нема да се промени во дадениот периодот на отплата, но доколку кредитниот пазар во текот на времето е во пад ќе се прашувате дали сте направиле грешка во изборот.
6) Не бирајте само кредит – бирајте и банка
И на крај кога избирате кредитот не треба да се водите само од висината на каматната стапка, рок на отплата и типот на каматната стапка за отплата на кредитот, треба да се раководите и од безбедноста и квалитетот на услугите кои се нудат од страна на банката. Со банката почнувате децениски деловен однос и затоа при изборот на ратата за кредитот, со исто внимание оценете ја традицијата и начинот на работа на самата банка.