Јавноста стана свесна и со право реагира за штетата што се прави со Договорот за стартешко партнерство за изградбата на коридорите 8 и 10д.

Договорот е правен целосно на штета на државата и на грѓаните во Македонија. Никој разумен што управува со држава не би прифатил услови кои овие двајца именувани прифатиле, освен од причини што само тие си ги знаат, а целата јавност со пручина претпоставува.

На државата и се наметнуваат невидени обврски дури и да не се изгради автопатот.

Државата и граѓаните ќе треба да плаќаат за грешките на власта.

Со тоа се руши системот и се предлагаат закони за да се сокријат криминалите и корупцијата и да скријат и избегнат одговорност и санкции.

Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека за штетета што ја прават Ковачевски и Груби ќе мора да одговараат и да и ја надоместат на државата, но од лични средства и имот. Овие двајца, кои постојано се повикуваат на правото и законите, а во суштина се крајно неодговорни и не се свесни дека не можат да побегнат од судот на народот и од генерациите кои доаѓаат.

Социјалистичката партија на Македонија предлага заедно со измените на 8-те закони кои се во постапка да се предвиди измена на Кривичниот закон за сторено финансиско предавство кон државата и да се определат максимални казни за сторителите.

ИНФОРМАТИВНА СЛУЖБА НА СПМ