Европската централна банка најверојатно ќе примени нова полабава политика кога е во прашање спојувањето на банките во Европа со цел да се забрза економскиот раст и да се напуштат старите крути и ограничувачки позиции.

Со новите политики на европските комерцијални банки ќе им се овозможи полесно да направат спојување со цел да настапат со окрупнет капитал на пазарот, како и да се осигураат дека со креирање на нова и поголема банкарска групација нема да претрпат никакви ризици од губење на клиенти и пад на ликвидноста.

Во минатите години пропаднаа неколку преговори за спојување на европски банкарски гиганти поради сложените процедури за составување на бордовите на директори, потребните осигурувања и процедури.

Таков беше примерот на пропаднатите преговори за спојување на Deutsche Bank AG и Commerzbank AG кои на крај донесоа одлука дека трошоците за создавање на една банкарска групација ќе бидат превисоки.

Експертите очекуваат дека со олеснувањето на процедурите од страна на ЕЦБ, европските банки многу полесно ќе може да склучуваат партнерства и силни финансиски субјекти кои потоа ќе може да биде поголеми конкуренти на американските банкарски гиганти.

Овие нови услови може да ги поттикнат и малите банки да се приклучат на големите банкарски корпорации. Во Германија има околу 1500 банки, во Италија ги има петстотини, во Франција околу 400, а во Шпанија се бројат околу 200 банки.