Владата на Србија денес објави дека, седум месеци пред планираниот термин, дури 100 држави го имаат потврдено своето учество на Специјализираниот меѓународен саем Експо 2027.
Во официјалното соопштение од српската Влада се потенцира дека Специјализираната меѓународна изложба Експо 2027 Белград, под наслов „Игра(ј) за човештвото: Спорт и музика за сите“, ќе се одржи од 15 мај до 15 август 2027 година, со учество на преку 120 земји, меѓународни организации и компании.
Се предвидува дека Белград ќе привлече повеќе од четири милиони посетители за време на 93-дневната манифестација.