Владата на Србија одлучи максималната малопродажна цена на сончогледовото масло за јадење во пакување од еден литар да не надминува 219,99 динари.

Ова се наведува во измените на Правилникот за ограничување на цената на основните прехранбени производи, кои Владата на Србија ги донесе на 20 октомври, а кои ден подоцна беа објавени во Службен весник.

Во основниот текст на Правилникот од 28 јули годинава беше утврдено дека цените на сончогледовото масло за јадење во литарско пакување не смеат да бидат повисоки од цените кои важеа на 15 ноември минатата година.