Гувернерката на Народната банка на Србија (НБС), Јоргованка Табаковиќ денеска изјави дека финансиската институција одлучила да го повлече целото српско злато од странство, бидејќи местото му е во српскиот трезор.

Табаковиќ објасни дека минатата година, кога дошло до целосен прекин на сообраќајот, Србија морала да набави најнови банкноти од еврото, бидејќи луѓето во страв неколку недели ги подигале своите заштеди.

– Не сакавме тоа да го ограничиме, но немаше доволно ефектива во државата. Ги донесовме со авион, таа ефектива, со специјален лет и не беше лесно. Па, зошто да ризикуваме каков било нов вид и нов прекин за да го доставиме до нашите трезори нашето злато кое го имаме каде да го складираме и за кое трошоците за враќање во земјава беа многу мали – изјави Табаковиќ за ТВ Прва. .

Таа нагласи дека на српското злато местото му е во српскиот трезор.

Србија на почетокот на месецов од трезорите во Швајцарија и Англија повлече 37,2 тони злато во вредност од 1,9 милијарди евра.