Владата на Србија на седницата донесе изменета одлука за привремено ограничување на извозот на основните земјоделско-прехранбени производи значајни за населението, со кој Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на предлог на Комисијата, одобрува прераспределба на нереализирани количества масло според издадените одобренија за мај, а по поднесен извештај на Царинската управа за извоз.

– Одлуката е донесена со цел да се овозможи реализација на склучените договори, а имајќи предвид дека извозот е отежнат од логистички причини. Со оглед на тоа што овие производи првично беа наменети за извоз, оваа одлука не може да влијае на понудата на домашниот пазар – стои на веб-страницата на Владата.