Владата на Србија  ја усвои Уредбата за задолжително производство и продажба на леб од брашно „Т-500“, која има за цел да го заштити пазарот и да спречи нарушувања во формирањето на цените на оваа стока и со која се утврдува максималната малопродажна цена на овој вид леб, како и производствената цена.

Со тоа, максималната малопродажна цена на брашното „Т-500“ е 54 динари, односно производствената цена од 46,31 динари, додека вкупната стапка на маржа која се пресметува на нето фактурната цена не смее да биде повисока од 6 отсто.

Ограничувањето на цената нема да се одрази на трговците со леб, со оглед на тоа што маржите остануваат на исто ниво, а ќе има позитивно влијание врз потрошувачите, соопштуваат од српската влада, пренесува „Данас“.

Владата на Србија исто така ги ограничи цените на нафтените деривати до 31 декември 2023 година.