Бруто двизните резерви на крајот на 2021 година изнесувале 16,5 милијарди евра, што е за три милијарди повеќе на крајот од минатата година, рекла гувернерката на Народната банка на Србија Јоргованка Табаковиќ додавајќи дека во нивните трезори има близу две милијарди евра во злато.
Нето двизните резерви на крај на 2021 година биле на ниво од 13,7 милијарди евра, додала Табаковиќ на претставување на февруарскиот извештај за инфлацијата.
Како што истакнала во трезорите на Србија има близу две милијарди евра во злато, чија количина постојано се зголемува и која заклучно со крајот на јануари изнесува 37,5 тони злато.
Исто така навела дека дефицитот на тековната сметка во 2021 година седма година по ред, бил покриен со нето приливи на странски директни инвестиции, а се очекува и во наредните години
Прилив на странски директни инвестиции во 2021 година изнесувал 3,9 милијарди евра.
Додека растот на приватните инвестиции спрема проценката за оваа година ќе се зголеми на 25 отсто, кои во изминатата 2021 биле 23,7 отсто, со тенденција да растат и во наредните години.
Спрема гуврнерката поволни движења продолжуваат и на пазар на трудот.
Просечниот број на вработени во приватниот сектор во 2021 година изнесувал 1,67 милиони, што е скоро 100.000 повеќе отколку во предпандемската година 2019 година.
Најголемо зглолемување на вработувања забележани се во секторите кои се најзначајни од аспект на раст и развој на економијата – во преработувчата индустрија (34.000 луѓе), во градежната (15.000), како и услугите во приватниот сектор. Истовремено во Србија просечната заработувачка е зголемена за 18,5 отдсто во изминатите две години, предводена пред се со пораст на заработувачка во приватниот сектор, зголемена за 19,2 отсто.
Благодарение на зачувување на пазарот на трудот во услови на пандемија и понатомошниот раст на вработеноста и заработувачката пртестарува најзначаен извор на финансирање на личната потошувачка, за која се проценува дека ќе продолжи да расте на стабилни и здрави основи, допринесувајќи економски раст, но не и прекумерно, негенерирајќи поголеми инфаторни притисци.
“Благодарение на зачувување на довербата и целосна стабилност на финансискиот систем и финасискиот сектор продолжува да се обезбедуваат сретства за нови инвестиции и потрошувачка каде што така и се подржува економскиот раст. Во изминатите години Србија бележи двоцифрен раст на кредитна активност, конкретно 9,9 отсто во 2021 година , каде што важен извор за финансирање претставува рекорден износ на девизни и динарски заштеди во приватниот сектор“- рекла гувернерката на НБС.