Денес, Собранието на Србија усвои измени и дополнувања на Законот за персонален данок на доход и измени и дополнувања на Законот за придонеси за задолжително социјално осигурување, кои се однесуваат на оданочување на хонорарците

На 21 април, Владата на Србија постигна договор со фриленсерите за наплата на даноци, што значи дека обврските засновани на даноци и придонеси се утврдуваат со одлука на Даночната управа, која доаѓа по усвојувањето на законот. На годишно ниво, приходите во износ до 384,000 динари ( околу 180.000 денари) не подлежат на оданочување.

Стандардните трошоци се признаваат во износ од 50 проценти од остварениот приход, не се пресметува камата до денот на одлуката на Даночната управа. И даноците и придонесите ќе се плаќаат на 120 еднакви месечни рати во следните 10 години.

Прецизирано уредено е дека оние хонорарни работници (фриленсери) кои заработуваат до 64.000 динари (околу 32.000 денари) месечно нема да бидат обврзани да плаќаат даноци и придонеси што не ги платиле од претходниот период. Како што претходно рече министерот за финансии, Синиша Мали, за сите други се обезбедени правичност и прогресивно оданочување.

Мали изјави дека е договорено од 1 јануари 2022 година да се плаќаат даноци и придонеси квартално, со признавање на стандардни трошоци во износ од три пати поголем од неоданочливиот износ на плата, што сега е 54.900 динари ( околу 26.000 денари).

Министерот рече дека оние кои заработуваат многу повеќе имаат доволно време до 1 јануари 2022 година да ја усогласат својата деловна активност со постојните правни норми и да се регистрираат како претприемачи, да основаат свое правно лице, ДОО или на кој било друг начин да го регулираат нивниот статус.

Како што претходно објави Владата на Србија, на состанокот со хонорарците на 21 април, било договорено работниците на Интернет, односно хонорарците – фриленсерите, да имаат право да го запишат своето работно искуство пропорционално на платениот дел од нивните обврски

Крајниот рок за усвојување на сите законски регулативи што ќе го дефинираат идниот статус на работниците на Интернет е преместен до 1 јануари 2022 година, до кога ќе бидат валидни условите договорени досега. На тој состанок беше договорено Здружението на работници преку Интернет и Здружението на хонорарни преведувачи да назначат свои претставници, кои ќе учествуваат во работната група со задача да изготват предлози за нови законски решенија.