Инвестициите во енегретската транзиција се приоритет.

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Министерството за економија оствари состанок со претставници од американска бизнис заедница, кои се во посета на земјава.

Главна тема на состанокот беше зајакнувањето на соработката и реализацијата на инвестициите пред се во делот на енергетиката.

Бектеши го поздрави интересот на американските компании за инвестиции во Македонија и ги презентирал условите и можностите за реализација на инвестициските проекти во земјата, пред се во делот на зелената енергија и обновливите извори. Тој информира дека земјава засилено работи на енергетска транзиција и диверзификација на изворите на снабдување со енергенси.

Земјата, како што посочи Бектеши, започнала инвестиции во делот на инфраструктурата во енергетскиот сектор, а се реализираат големи инвестиции во обновлива енергија кои наскоро ќе доминират во производството на електрична енергија.

На состанокот присуствуваа и претставници од Стејт Департментот, на Ексим банката, Иновацискиот фонд за енергетика на Безос, Сименс Енерџи, заменик претседателот на Американско централноевропската бизнис асоцијација и други.