Генералниот директор на „Телеком Србија“ Владимир Лучиќ обелодени дека компанијата која ја предводи го шири својот бизнис во Македонија. Во изјава за Танјуг, Лучиќ вели дека денеска почнало оснивањето на фирма на „Телеком Србија“ во Македонија. На македонскиот пазар тие ќе настапуваат под името „Мтел“.

Лучиќ нагласува дека „Мтел“ ќе стартува со работа за еден месец и на почетокот во понудата ќе биде вклучена само сателитиската телевизија, а до крајот на годината на потенцијалните корисници ќе им биде овозможена и мобилна телефонија и оптички интернет.

„За нас се многу важни одлуките кои беа донесени на Економскиот форум во Скопје. Ние сме компанија која сака да биде лидер во регионот и имаме план освен во Македонија да се прошириме и на пазарот во Албанија“. вели Лучиќ во изјавата за Танјуг.