ССК ќе ја презентира состојбата во стопанството како последица на енергетската криза

2022-08-26 11:00

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) денеска на прес-конференција ќе ја презентира состојбата во која се наоѓа стопанството како последица на енергетската криза и мерките што се потребни со цел да се зачува деловната активност на претпријатијата.

Состојбата во стопанството, како што најави ССК, ќе ја презентираат претседателот на Сојузот Трајан Ангелоски и потпретседателите Орце Симов и Горан Ѓорѓиевски.