Идната Влада уште во првите 100 дена да направи уште една корекција со што минималната плата би достигнала износ од 450 евра, за мартовското покачување ставот на ССМ е дека не е доволен. Ваквите барања на синдикалците произлегоа пред почетокот на состанокот на Економско социјалниот совет.

На денешната втората седница на ЕСС се разгледуваа повеќе точки меѓу кои утврдување на висината на минималната плата, за што од мтсп информираат дека:

„По однос на минималната плата, согласно член 4 од Законот за минимална плата, висина на минимална плата во бруто износ за месец март секоја година се усогласува со: 50% од порастот на просечно исплатената нето плата, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика и 50% од порастот на индексот на трошоците на живот, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика.“ – стои во соопштението на МТСП.

Одлуката за новото зголемување на минималната плата се уште не е влезена во  Службен весник. Синдикалците очекуваат тоа да биде направено уште во понеделник.

Минималната плата во земјава е најниска во споредба со земјите од регионот велат од ССМ, помал износ се исплаќа само во Босна и Херцеговина. Анализите на ССМ покажаа и нов рекорд на минималната потрошувачка кошница. За еден месец трошоците скокнаа за над 1.500 денари. На едно четиричлено семејство за да го помине месецот му се потреби речиси 1.000 евра.