Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) информира дека наместо посакуваното подобрување, тапкање во место со индиции на очигледни влошени состојби во нашата држава препозна Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC) во Извештајот за 2026 година – Индекс за Глобални права.

„Најлошите држави во светот за работниците”, во кој повторно ја рангираше Македонија на 4-тото место во рангот на земјите со систематско прекршување на правата на работниците или на претпоследното место. Според ССМ, за разлика од минатогодишниот извештај, оваа година и со вклучени обсервации на сериозни дополнителни прекршувања на правата на работниците и синдикатите и влошени состојби кои резултираа со големи работнички протести, а сето тоа отварајќи го патот Република Македонија полека, но сигурно да се приближува до срамното последно место (5- тото место е за државите каде што работниците немаат гарантирани работнички права), што е за очекување со односот на власта и работодавачите.