Станбениот кредит на Комерцијална банка, кој ги има најниските каматни стапки на пазарот, отсега е и со најдолг рок на отплата до 40 години.
Со Станбениот кредит на Комерцијална банка клиентите добиваат уникатна можност за нов стан или куќа по најповолни услови на пазарот. Кредитот е со каматни стапки од само 2,9%, фиксна во првите 10 години, и 3,7%, променлива за останатиот период на отплата. Во промотивниот период до 31.08.2022 година е без надомест за одобрување и за процена на имот и со можност за добивање и СМАРТ кредит преку картичка со лимит од 120.000 денари.
Станбениот кредит е достапен во опции со или без вклучено животно осигурување преку Триглав Осигурување Живот АД Скопје, со можност за купување дом или деловен простор. Повеќе информации за Станбениот кредит се достапни на следниот линк.