Станбениот квадрат за една година порасна за околу 20 отсто. Градежните експерти коментираат дека зголемувањето на цените на становите е неоправдано и безобразно. Цената на квадратот во Скопје се движи од 1.400 до 2.000 евра за квадрат, односно за една година се зголемиле од 200 до 300 евра. Така, на пример, ако квадратот пред една година чинел 1.000 евра сега чини 1.300, 1.400 евра

 

 

Цените на становите продолжуваат да рушат рекорди. Станбениот квадрат за една година порасна за околу 20 отсто. Градежните експерти коментираат дека зголемувањето на цените на становите е неоправдано и безобразно. Цената на квадратот во Скопје се движи од 1.400 до 2.000 евра за квадрат, односно за една година се зголемиле од 200 до 300 евра. Така, на пример, ако квадратот пред една година чинел 1.000 евра сега чини 1.300, 1.400 евра.

Според градежниот експерт, Никола Велковски, од Групација на градежништво при СКМ  рекордно високите цени на становите во Скопје делумно се резултат на поскапените репроматеријали и поскапата работна рака, но поголемиот дел се резултат на вештачкото зголемување на цената на градежниот квадрат.

-Растот на цените на становите е неоправдан. И покрај тоа што нема доволно градежници, цената на работната рака е зголемена, нема квалитетни локации за градба, расте цената на градежното земјиште, сепак тоа не е оправдување за толкаво зголемување на цените на становите. Цената на градежните материјали, која последниве месеци стагнира, влијае само со 30 отсто на крајната цена на градежниот квадрат. Тоа значи дека ако квадрат станбен простор се продавал по 1.000 евра, со поскапувањето на репроматеријалите би чинел 1.300 евра, а не 2.000 евра. Што се однесува до работната рака, таа е дефицитарна и нејзината цена расте, но работната рака не учествува ни 5 отсто во зголемените трошоци за изградба на станот, изјави за весникот ВЕЧЕР, Велковски. 

Според него, цените на становите не го следат животниот стандард на граѓаните и се очекува да почнат да се намалуваат. Освен на квалитетните локации се зголемија цените и на старите станови и на оние кои се градат на помалку квалитетни локации, односно на периферијата од ценарот на градот.

– Во централното градско подрачје во Скопје нема веќе квалитетни локации за градба. Во моментов се гради околу булевари и на левата страна на кејот на Вардар. Бидејќи нема локации, се зголемува и цената на земјиштето за градба. Тоа е поради фактот што изминатите години се градеше без стратегија, на секоја слободна парцела и не се водеше сметка за зеленило и за инфраструктура. Така сега во некои населби децата не можат да се запишат во градинка, вели Велковски и додава дека треба да се направи баланс помеѓу станбената површина и онаа што е предвидена за зеленило, градинки, школи и друга инфраструктура.

Така, сега цената на квадратот во Скопје се движи од 1.400 до 2.000 евра за квадрат, односно за една година се зголемиле од 200 до 300 евра. Така, на пример, ако квадратот пред една година чинел 1.000 евра сега чини 1.300, 1.400 евра.

Според познавачите на пазарот, на цената на станбениот квадрат влијае и големата побарувачка и растот на цените на становите во регионот. Речиси во целиот регион, побарувачката за нови станови е поголема од понудата.

И според податоците од Народна банка цените на становите во Скопје во првиот квартал годинава бележат раст од  18,8 проценти на годишно ниво, а од 1,3 отсто на квартално ниво.

Во првиот квартал лани недвижностите поскапеа за 12,4 отсто  на годишно ниво, по што следеше  раст, од 16,6 отсто во вториот квартал, од 21,2 отсто во третиот и од 20,6 проценти во четвртиот квартал.

Станбениот квадрат за една година се качи од 200 до 300 евра