Меѓународната агенција на Вол Стрит го зголеми кредитниот рејтинг на Русија за еден степен, што одразува подобрување на економијата на Русија и ограничувањето на буџетот.

Меѓународната агенција за рејтинг „Стандард енд Пурс“ го зголеми кредитниот рејтинг на Русија од инвестициско ниво „БББ“ на ниво „ББ+“ доцна синоќа и наведе дека изгледите за рускиот долг и економија сега се “стабилни”.

Водечката агенција за рејтинг објави дека буџетската дисциплина и ограничување на Русија се стабилни по зголемените меѓународни санкции и драматичниот пад на цените на нафтата помеѓу 2014 и 2016 година, кои заедно ја втурнаа руската економија во длабока рецесија. Економијата се врати на раст минатата година, а агенцијата соопшти дека очекува тој раст да продолжи и во 2018 година и до 2021 година, постигнувајки темпо од околу 1,8% годишно.

Економското закрепнување, најверојатно, ќе биде поддржано од враќањето на цените на нафтата, умереното проширување на домашната побарувачка поддржана од постепеното олабавување на монетарната политика и глобалниот економски пораст“, наведе агенцијата.

Истовремено, неповолната демографија и ниската продуктивност продолжуваат да тежат на долгорочниот потенцијал за раст на Русија“, наведува агенцијата .