Во Германија вкупната невработеност падна во февруари повеќе од очекувањата, додека вработеноста достигна рекордно ниво во јануари, покажаа официјалните податоци.

Вкупната невработеност, според десезонираните податоци, падна за 22.000 на 2,39 милиони луѓе, што е поголем пад од проектираното намалување на вработеноста за 15,000 лица, кое го прогнозираа економистите. Стапката на невработеност се задржа на 5,4 проценти во февруари, на најниското ниво од обединувањето на Германија во 1990 година, соопшти германската Федерална канцеларија за труд.

„Добрата ситуација на пазарот за труд продолжи и во февруари“, изјави шефот на Канцеларијата, Детлед Шел.

Во исто време , вработеноста, според десезонираните податоци порасна на рекордни 44,54 милиони луѓе во јануари, покажаа одвоените податоци на Канцеларијата.

Како што оценува Ројтерс, потрошувачката на домаќинствата,  стана еден од главните двигатели на економскиот раст на Германија, бидејќи рекордната вработеност, зголемувањето на платите над стапката на инфлација и ниските трошоци на задолжувањето, ги поттикнуваат потрошувачите да ги отворат своите паричници.