Светски познатиот ланец на кафулиња “Starbucks” го отвора своето прво кафуле во Белград, Србија на 15-ти април во познатиот трговски центар „ Рајичева“.

Познатиот светски ланец има намера да отвори десеттина вакви кафетерии низ Србија во наредните неколку години на следните локации : Књаз Михајлова, Аеродром Белград, Теразије, шопинг центарот „Белград на вода“, Белград Скајлајн и други локации.

Разговорите со американската компанија која има над 27.000 кафетерии низ целиот свет траеле повеќе од 2 години.

Како што и порано најавија од управата на градот, “Starbucks” на српскиот пазар влегува преку полската компанија “AmRest”, компанија која оперира со повеќе од 300 “Starbucks” кафетерии низ Полска, Чешка, Германија, Романија, Унгарија и др.