На крајот на март од 2022 година, бруто надворешниот долг изнесува 9.977 милиони евра, или 74,9% од проектираниот БДП.

Бруто надворешните побарувања, на крајот на првиот квартал од 2022 година, изнесуваат 5.917 милиони евра, или 44,4% од проектираниот БДП.

Нето надворешниот долг изнесува 4.060 милиони евра, односно 30,5% од проектираниот БДП). Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 58%.

Во текот на првиот квартал од 2022 година негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 481 милион евра и изнесува 7.789 милиони евра, што претставува 58,5% од проектираниот БДП за 2022 година.

Соопштението е достапно на следната врска: https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/ND%20NP%20MIP/2022/Soopstenie_dolg_MIP_%D0%9A%D0%B2.1_2022.pdf