Новите анкети кои неодамна беа објавени покажуваат дека американските работници кои ја изгубиле или напуштиле работата во текот на пандемијата со Ковид – 19, можеби нема наскоро повторно да им се придружат на колегите, ако воопшто тоа и го направат. 

Американската стопанска комора неодамна анектирала 529 Американци кои останале невработени во текот на пандемијата и  допрва треба да се вратат на работа.

Повеќето од половина испитаници (53 %) рекле дека донекаде се активни или „воопшто не се активни“ во моментална потрага по работа, додека 65 % рекле дека не очекуваат да се вратат на работа пред половината од 2022 година. Многумина навеле дека долготрајната грижа поради короната ги спречува да се вратат на работа, особено жените. Речиси половина изјавиле дека користат пандемиски надоместоци или стимулативни исплати, како и дека црпат од заштедените пари или инвестиции, за да се издржуваат откако останале без работа.

Само 8 % рекле дека „никогаш не планираат да се вратат на работа“. Сепак, наодите покажуваат дека работниците можеби нема да се вратат наскоро, освен ако не видат дека тоа е вредно за нивниот труд.

Според истражувањето, речиси половина (46 %) го гледаат бонусот за вработување од 1,000 долари како главна причина за враќање на работа. Анкетата исто така покажала дека на испитаниците им е привлечно флексибилното работно време, можноста да работат од дома и позитивното работно опкружување. Тоа значи дека компаниите ќе мораат да ги унапредат своите политики за вработување ако сакаат да привлечат работници.

Едно истражување на американска веб страна за барање работа, покажало дека луѓето не сакаат да се вратат на работа, бидејќи во текот на пандемијата сфатиле дека „животот е прекраток за да работат во професија за која немаат страст“.

Околу 92 % од 1,000 анкетирани го делат ова мислење. Според анкетата, Американците ја гледаат својата невработеност и целата криза со недостиг на работна сила како позитивна работа, која им „понудила нови можности за кариера кои инаку не би ги имале“.

За 85 % од оние кои бараат работа се вели дека истата ја бараат вон својата поранешна индустрија, а 97 % од нив велат дека пандемијата ги поттикнала да ја променат кариерата.

Во САД моментално има 10,4 милиони празни работни места, а 7,6 милиони Американци се невработени.

Неодамнешната забелешка на глобалните економисти на S&P прдвидува дека „веројатно ќе биде тешко“ да се пронајдат работници во следните години, а вработените, како што наведуваат, ќе ги чинат компаниите повеќе пари и труд.

Голдман Сакс неодамна проценил дека 3,4 милиони луѓе дале отказ од работа во последните година и пол, а поголемиот дел од нив се пензионери, што значи дека многумина нема воопшто да се вратат на работа.

Според S&P, половина од овие откази се привремени, но се‘ уште не е јасно кога повторно ќе се вратат на работа поради обновените стравови повразни со пандемијата предизвикана од новата варијанта на коронавирусот, Омикрон.