Сточарите се незадоволни со откупната цена на јагнињата кои се извезуваат за католички Велигден. Стадата овци рапидно се намалуваат, сточарите бараат да имаат избор во пласманот. Преку сторијата на Елизабета Митреска за сточар од прилепско, ги пренесуваме состојбите во оваа производствена гранка …

Цел живот е со овците. Ги одгледува, произведува, го храни семејството. Од 38 овчарски семејства во прилепско Мало Коњари и 3.500 овци, Зоран Спасески е еден од двајцата што останале со стадото. Вели, тешки времиња, од големото стадо останале 120-тина глави овци. Исплатливоста е на границите на преживувањето.

Се подготвува да ги продаде јагнињата за Велигден. Цената од 220 до 240 денари за килограм жива мера е многу ниска, ама мора. Како производител сака да го избира пазарот.

Кланиците во земјава се во шпицот на извозот на јагнешкото.