Германскиот економски институт ги предупреди граѓаните дека во следните неколку месеци ќе има недостиг на стоки од Кина. И цените ќе бидат значително повисоки, бидејќи и трошоците се поголеми. Контејнерите од Кина се полни, и тие се враќаат празни, бидејќи нема доволно стоки од Европа поради ковид-19. Проблемот не ја заобиколи ниту Македонија.

Цената на транспортот со контејнери од Кина до Европа се движеше од 3.600 до 4.000 евра по контејнер. Сега таа цена се искачи од 8.000 до 9.000 евра, во зависност од тоа од кое кинеско пристаниште потекнува.

Приоритет имаат оние што плаќаат за претплата на кинески компании, а празни контејнери или натоварени 30 проценти мора да бидат вратени од Европа поради заостанати производства.

Ситуацијата со Америка е уште полоша, бидејќи многу делови за финализирање на производите од Кина доцнат неколку месеци.

“Нема милост во трговијата. Не станува збор за кинеска стока која поскапе, туку за превозот, и некој треба да плати за тоа. Бесплатната испорака останува далеку зад нас. Сега сè треба да се плати добро, рече Ху Џинг.

Обемот на кинеската трговија со 17 земји во Централна и Источна Европа достигна 103,15 милијарди долари во 2020 година, што за прв пат ја надмина вредноста од 100 милијарди долари, а соработката секоја година е подобра.

“Кина веќе произведува 80 проценти од потребното. На Кина и требаат само суровини и софистицирани полупроизводи. Тие не доаѓаат од Европа, туку од земји од третиот свет и тука настана проблемот”, рече Хеи Веи, економист од Кина.

Исто така, чувствуваме недостаток на асортиман и количина кинеска стока во одредени сегменти. Заради цената на превозот, нашите увозници не се во можност да изнајмат поголеми количини контејнери сами, па малите и средни компании се свртуваат кон големите превозници со 30% повисока цена.