Иницијативата „Стоп за извршителите“ најави протест за 1 мај. Оттаму порачуваат дека не се задоволни од предложениот закон на Владата, бараат итно одблокирање на сметките, како и ревизија на работата на извршителите.

-Ние не сме задоволни од предлог-законот на Владата , сакаме нов поправичен закон. Бараме итно одблокирање на сметките, ревизија на работата на извршителите, судовите, банките и нотарите , кои имаат криминална спрега, враќање на судските предмети и најважно од се, да се вратат извршителите и нотарите во оквирот на судската власт, а не да работат како приватни фирми кои се богатат врз грбот на народот, порача Ана Глигорова.

Ги повикаа сите со блокирани сметки и тие кои претходни имале блокирани сметки, сите граѓани со ниски примања кои издвојуваат една третина за извршни одлуки, како и оние кои плаќаат заостанати долгови од пред 20 години, но и сите граѓани кои се чувствуваат обесправени и осиромашени, да се приклучат на маршот.