Стопанска банка а.д Битола со нови престижни награди и меѓународни признанија од реномираниот магазин ,,Global Banking & Finance’’

Светски познатиот, реномиран финансиски магазин ,,Global Banking & Finance’’ на Стопанска Банка АД Битола по трет пат и ги додели наградите за најдобра банка за работа со физички лица и најдобра банка за работа со правни лица за 2017 година.

,,Global Banking & Finance’’ секоја година доделува престижни награди на банките кои се истакнуваат со својата експертиза во финансискиот свет. Наградите се одраз на иновациите кои банките ги вклучуваат во своето работење, креираните стратегии како и на прогресивноста на промените во работењето на банката како целина.

За престижноста на наградите кои се добиваат говорат фактите поврзани со овој магазин. Тој е еден од светските водечки извори за информации во финансискиот и банкарскиот свет. Трендовите кои се развиваат во светски рамки се под постојан мониторинг од искусните новинари на магазинот, истражувачките тимови и уредниците кои во постојан чекор со промените кои се случуваат во рамките на глобалните финансии носат одлука наградите да ги доделат на банките кои исклучително се истакнуваат со своето работење во одредена област.

Да се биде дел од листата на ,,избраните’’ на ,,Global Banking & Finance’’ претставува вистинска привилегија. Овие награди се само уште едно признание и потврда на напорната работа на Стопанска Банка АД Битола и нејзината посветеност кон постојано усовршување.

Овој водечки интернет и печатен медиум е препознатлив по своето избалансирано размислување и оценување и постојаните обиди за јасно и прецизно изнесени независни вести во рамките на глобалната финансиска заедница.

Наградените резултати и успехот на Стопанска Банка АД Битола добиваат светска потврда бидејќи ,,Global Banking & Finance’’ е магазин кој се чита во повеќе од 200 држави и секојдневно до милиони читатели стигнуваат неговите вести кои се објавуваат и преку други светски познати портали.

Наградите за најдобра retail банка и најдобра банка за работа со правни лица за 2017 година се дел од низата на признанија на банката која неуморно и посветено работи на тоа да биде препознаена и призната како стабилна банкарска институција чија успешна приказна ќе биде уште долго раскажувана и наградувана.