Стопанска банка а.д. Битола изрази поддршка и се придружи на иницијативата на женската хуманитарна организација Inner Wheel Skopje Europea која е промотор на светското движење ,,Pay it Forward’’(Продолжи понатаму).

Понекогаш, во брзото и динамично секојдневие забораваме колку една ситница може да значи и дека всушност е премногу лесно некому да му го направиш денот поубав. ,,Pay it Forward’’ е движење кое потсетува на ова и кое функционира на начин што поттикнува да се направат добри дела за различни луѓе не барајќи ништо за возврат од нив. На тие луѓе единствено треба да им побарате и тие понатаму да направат добри дела за други луѓе. Целта е да се поттикнат повеќе од 10 милиони чинови на добрина во светски рамки.

 


Стопанска банка а.д. Битола како општествено одговорна компанија со задоволство изрази поддршка на ова движење и се приклучи кон истото. На неколкумина повозрасни клиенти им помогнавме и направивме обука како да го користат новото електронско банкарство. На дел од клиентите кои ги посетија нашите експозитури во текот на денот Банката им подари мал подарок и мало внимание и ги замоли за возврат и тие да направат нешто убаво за некого во текот на денот. 


Во кругот на добрината се започнува од тебе. Биди она кое сакаш да го видиш и добиеш од другите. Подари мал момент внимание и ќе добиеш насмевка која ќе ја паметиш. Подари љубезност и шири ја позитивната енергија и љубовта бидејќи единствено на овој начин тие стануваат поголеми. И не заборавај, Продолжи понатаму бидејќи малите моменти ги имаат најголемите вредности.